ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судбината на новиот Универзитетски клинички центар ќе се знае по локалните избори

Судбината на новиот Универзитетски клинички центар ќе се знае по локалните избори. Парламентарното мнозинство смета дека разликите меѓу двете партии од македонскиот политички блок ќе бидат надминати до крајот на октомври. Мнозинството вели дека немаат намера да се повлечат од предлогот за модерен Клинички центар.

„Ние сме во преговори со опозициските партии, бидејќи сметаме дека тоа е проект од национално значење и треба да биде поддржан од сите. Знаеме дека Клиничкиот центар ќе чини многу, но потребна ни е поддршка од сите. Во пандемијата се виде колку е важен добар здравствен систем. „Мислам дека по локалните избори ќе се постигне договор и законот ќе биде одобрен“, изјави Арбен Зибери, претседател на Комисијата за здравство во Собранието.

Опозицијата не се согласува. Партијата на Христијан Мицкоски бара физибилити студија, а не закон кој, според нив, предвидува тендер во четири очи.

„Ова е трет закон по ред за кој не дискутираме за законски решенија туку разговараме како да сакаме да постигнеме договор со одредена компанија за одредена работа. Ако го погледнете законот во детали, ќе забележите дека обезбедената сума не е целосна. Најголемите пречки се појавија како резултат на недостатокот на комуникација меѓу власта и опозицијата. Не знаеме што подразбираат од мнозинството со новиот Клинички центар, каде и како ќе се гради, зошто сакаат да го прекршат Законот за јавни набавки, што според мене е обид за договор во четири очи“, рече Рашела Мизрахи, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Вредноста на Владиниот проект изнесува околу половина милијарда евра, со површина од 84 хектари и стациониран во населбата Бардовци. Во 2018 година, кога беше откриен проектот, Владата предвиде почеток на работите во рок од 2 години и времетраење за реализација на проектот од 5 години.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button