Судбината на Украина останува нејасна по жестокиот јавен судир меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп
Судбината на Украина останува нејасна по жестокиот јавен судир меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп

Судбината на Украина останува нејасна по жестокиот јавен судир меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната канцеларија. Сепак, украинскиот претседател во интервју за Фокс њуз рече дека го почитува Трамп и секако верува дека односите може да се подобрат.
„Благодарен сум на Американците, на претседателот Трамп и на поддршката од Конгресот. Ни помогнавте да преживееме. Никој не сака да ја заврши војната повеќе од нас, бидејќи ние во Украина сме во оваа војна, битка за целосна слобода. И се надевам дека претседателот ќе биде на наша страна, заедно со нас. Ова е многу важно за да се запре Путин. Зборувам како претседател на народ кој е во оваа војна веќе три години. Затоа сум тука и сум во тешка ситуација. Да разбереш значи да бидеш во Украина“, рече Володимир Зеленски, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УКРАИНА.
Зеленски додаде дека не чувствува дека мора да се извини никому за состанокот, како одговор на повикот на американскиот државен секретар Рубио дека Зеленски мора да се извини за одземеното време во Овалната канцеларија без позитивен резултат. Американскиот претседател Доналд Трамп по состанокот изјави дека украинскиот претседател не изгледал како личност која сака мир.
„Имавме средба со претседателот Зеленски. И би рекол дека не функционираше баш најдобро од негова гледна точка. Бараме мир. Тој бара да продолжи да војува, да војува, да војува. Се обидуваме да ставиме крај на смртта. 2.000 луѓе загинаа оваа недела. Тој треба да рече: „Сакам да склучам мир“. Не сакам повеќе да војувам. Неговиот народ умира. Тој ги нема картите. Ќе ставиш крај на војната или да видиме што ќе се случи. Нека војуваат“, рече Доналд Трамп, претседател на САД.
Зеленски брзо ја напушти Белата куќа без да потпише договор за минерали со Трамп, кој беше во центарот на откажаната средба и заедничката прес-конференција. За време на нивниот прв состанок во Овалната канцеларија, лидерите имаа дебата со висок тон пред камерите. Трамп рече дека Зеленски не покажува благодарност, додавајќи дека „се коцка со животите на милиони луѓе“./Алсат.мк
Џесика Салахи