РЕГИОН

Судење против лидерите на ОВК: Одбранта бара постапката да почне најрано летото 2022

На денешната седница во Специјалниот суд во Хаг, против поранешните водачи на ОВК, специјалното обвинителство предложи судењето да започне летото 2021 година, но на тоа се спротивстави одбраната, според која потребни се најмалку 18 месеци за истрага и судењето може да започне во летото 2022 година.

Advertisements

“Одбраната има доволно информации за да започне истрага веднаш, ги информиравме за крајниот рок за објавување на материјалите”, рече Клер Лоусон, обвинител.

Адвокатот на Хашим Тачи, Дејвид Хупер, го нарече апсурден предлогот да се започне судењето следната година. Тој рече дека на одбраната и требаат најмалку 18 месеци до почетокот на судењето. Адвокатот на Кадри Весели, Бен Емерсон, рече дека искуството со Хашкиот трибунал покажало дека може да има лажни докази.

„… во врска со обвинението кога имате пред вас обвинение кое се уредува, на пример реченица која вели„  еден ден “ и не е даден никаков ден или датум, ова не е адекватен формат со други зборови, уредувањето треба да биде во помал обем и материјалот треба да биде отворен за одбраната”, рече Дејвид Хупер, адвокат на поранешниот претседател Хашим Тачи.

„… може да има лажни докази што биле презентирани во многу случаи од обвинителството. Можеби обвинителството не знае дека тие биле лажни, но ние треба да направиме форензичко испитување на презентираните факти”, додаде Бен Емерсон – адвокат на Кадри Весели.

„Се прашувам како обвинителството смета дека обвинетите може да очекуваат дека обвиненијата против нив ќе бидат потврдени. Роковите се апсолутно неприфатливи“, рече Дејвид Јанг, адвокат на Реџеп Селими.

Обвинителството тврди дека неговиот случај има скоро 100.000 докази и дека придружниот материјал за обвинението поднесен за потврда, имал над 40 илјади страници. Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими се појавија пред Специјалниот суд минатата недела. Тие се наоѓаат во притвор и на нивното прво појавување пред судот сите се изјаснија за невини.

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button