ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за родилката Вепаоска може да добие и четврти судија

Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдиз Веапоска, ќе се врати од почеток, ако до 5-ти септември нема разрешница. Судијата од Скопје кој го води овој предмет е делегиран да работи во струшкиот суд до почетокот на септември. Во меѓувреме судењата и натаму се одложуваат – се одложи и денешното со обраложение дека не било готово супер вештачењето, а наскоро ќе започне и судската ферија која трае до средината на август.

„Двајца судии се пензионираа, третиот судија е во тек на мојот случај, но дали третиот судија ќе го заврши мојот случај или ќе треба и четврти судија да го земе мојот случај, тоа ќе биде катастрофа за нас како граѓани. За нас како граѓани толку исчекување за една правда е многу долг период, и психички и физички и финансиски во се не исцрпуваат“, рече Веапоска.

На Веапоска, во 2020 година по породувањето со царски рез во струшката болница ѝ беа извадени три органи – јајник, матка и еден бубрег.

„Четири години како е мојот случај и уште чекам правда, но каков ќе биде крајот на таа правда уште незнам. Дали треба да се иселиме од оваа држава, да си одиме и да не ја видиме нашата татковина поради ваквите работи“, додава Веапоска.

Александар Станков, директор на Судска медицина, вели дека многу често се бараат судски вештачење. Тие потоа се користат за да се одолговлечат судењата. Супервештачење се бара кога има различни резултати од претходни вештачења.

„Ова многу често се случува намерно и врз основа на никакви докази се прават вештачења, само за да бидат спротивни од вештачењата дадени од Институтот за да може да се прават супер вештачења. Според нашето вештачење влошувањето на здравствената состојба настанало исклучиво поради делувањето на здравствениот тим во болницата во Струга“, вели Станков.

Првообвинет во случајот е гинеколог од Струга, Мухамед Асани, а потоа неговиот син Блертон Асани. Третообвинета е докторката Лилјана Јованоска. Тие се товарат за предизвикување тешки дела против здравјето на луѓето.Доктор Асани веќе се изјасни за невин.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button