ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е презакажано за 14 ноември годинава, откако изутрината обвинетите Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Миле Јанакиевски, преку адвокатот Еленко Миланов поднесле барање до Основниот кривичен суд на денешното рочиште да одлучи по поднесокот за амнестија без да се изведуваат материјални и вербални докази.

Advertisements

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека во поднесокот обвинетите навеле дека потребно е Судот да донесе решение за примена на Законот за амнестија, бидејќи веќе има воспоставено таква пракса, односно Кривичниот совет во 2018 година има донесено решение за амнестија во тек на главна расправа, во фаза на доказна постапка, каде не се чекало завршување на доказната постапка.

– Во прилог е доставено решение на Кривичен совет, Одделение за организиран криминал и корупција, од 20.12.2018 година со образложение дека решението било донесено во текот на главна расправа, во фаза на доказна постапка и не се чекало завршување на доказна постапка. На Јавното обвинителство ќе му доставам примерок од ова решение, како и примерок од поднесокот… Јас го разгледав поднесокот и вистина е дека донесено е решение за амнестија во текот на доказна постапка, не само за обвинетиот во наведениот случај, туку и за други обвинети, меѓутоа јавниот обвинител нека се произнесе и нека даде мислење, со оглед на тоа дека овој поднесок го примивме во текот на денешниот ден, посочи судијата Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс министрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button