Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се презакажува за 9 јуни. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, презакажувањето е по барање на надлежениот јавен обвинител.
Судењето треба да продолжи со завршни зборови на Обвинителството, откако со минатото рочиште заврши доказната постапка.
-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавност дека главната расправа за предметот со К. Бр. 1339/24 поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и Велешанецот П.Ж. насроечна за 02.06.2025 година, по барање на надлежниот јавен обвинител, се презакажува за следниот, веќе насрочен термин, на 09.06.2025 година во 10:00 часот. Имено заради обемноста на предметот, изведените материјални и вербални докази, дополнението на доказната постапка, како и потребното време за соодветна подготовка на завршните зборови, прифатено е барањето за презакажување на расправата, за што странките ќе бидат известени, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.