ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судијата „ангел-чувар“ на Мијалков казнет со 20% од платата

Судскиот совет го казни судијата Енвер Беџети со 20 отсто од платата во наредните шест месеци. Одговорноста на овој апелациски судија кој предметот за масовното следење на комуникациите на граѓаните го држеше во фиока помина едногласно, но без правни последици. Намерното чување на предметот „Таргет-Тврдина“ 9 месеци во фиока го застари кривичното гонење против поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков. дополнително на тоа, со последните измени во Кривичниот законик пропаднаа и обвиненијата во овој случај.

Останува интересен фактот дека и самиот Судски совет го чуваше предметот против Беџети во фиока. Во тој период тој беше кандидат за судија во Врховниот суд. И покрај тоа што Беџети не успеа да обезбеди поддршка за да се префрли таму, Советот и понатаму не го објавува конкурсот за судии од кривична материја во највисоката судска инстанца во државата. Ова навестува дека Беџети можеби сепак е во игра за нов врховен судија.

За постапките на Беџети и неговите колеги во Апелација загриженост израеи и американската амбасадорка, Ангела Агелер, која во април годинава реагираше поради враќањето на предметите од висок профил од Апелација во Кривичиот суд за повторно судење. Таа тогаш соопшти дека ваквото постапување станало пракса и оти е резултат на неспособноста на апелационите судии да постапуваат навреме.

Инаку, за одлуката на Судскиот совет во врска со неговата плата Беџети има право на жалба до Врховниот суд.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button