Судијката го демантираше Боки 13

Обвинетиот за перње пари и измама на бизнисмени за наводна изградба на старечки домови Боки 13 не ја даде својата одбрана на судењето. Тој кажа дека неговиот исказ бил тесно поврзан со телефонските комуникации меѓу него и поранешни владини и опшстински функционери, како и нивното сведочење. Боки 13 побара од судот да му се врати телефонот за јавноста да има увид во комуникациите од „WhatsApp“, што Судот го одби.
На барање на судијката, компјутерски техничар вработен во Судот презентираше докази дека преку лаптоп може да се пристапи до комуникациите на Боки 13 „WhatsApp, што е спротивно на неговите тврдења дека не можел да пристапи до податоците. По ова, следуваше одбраната на останатите обвинети.
„Ова е пример како не треба да се постапува. Кој му дал право на судот да отвори некаков материја без било каков предлог, самостојно, и да изврши увид. Да се обиде да се ретерира со тоа дека не е извршен увид, но не е така“, рече Сашко Дуковски, адвокат на Боки 13.