ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судир меѓу Русковска и Советот на јавни обвинители

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција цел месец работи со помалку обвинители. Од февруари пет јавни обвинители во обвинителството со кое раководи Вилма Русковска немаат мандат да гонат организиран криминал и корупција.

Advertisements

„Според обемот на работа обвинителството во моментов е во незавидна положба бидејќи обвинителите што имаат мандат се принудени да постапуваат во предметите на колегите на кои мандатот им е истечен во интерес на непречено постапување и во самите истражни и предистражни постапки, но и во предметите што се во судска постапка. Тоа е верувајте макотрпна работа, особено што обвинителите со мандат не го „живеат“ предметот и мора да се запознаваат со истиот и заеднички да постапуваат“, рече  Вилма Русковска, шефица на ОЈО ГОКК

Советот на јавни обвинители треба да ги пополни испразнетите пет места во организиран криминал. На огласот лани во ноември се пријавиле 10 обвинители. Нивниот избор заглави во оценувањето, кое се повтори. Според обвинителскиот Совет не било образложено зошто некои обвинители добиле помалку бодови од шефицата на организиран криминал, Русковска. Идната недела се очекува Советот да ги избере петтемина обвинители.

„Не е точна таа изјава дека Советот го доведе тоа обвинителство во состојба да нема обвинители. Доколку на време беа доставени оцените и беа извршени како што треба, ќе имавме можност да закажеме седница на која ќе одлучивме за избор. Веќе ќе имаше и одлука за избор, онака како што планиравме до 31.1 да имаме веќе одлука за избор“, рече Антонио Јолевски, претседател на Совет на јавни обвинители

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е надлежно да го гони криминалот во целата држава. Според сиситематизацијата, треба да има вкупно 13 обвинители. Мандатот на обвинител во организиран криминал трае четри години кој може да се продолжи. /Алсат.мк

Мандатот е истечен на обвинителите во ОЈО ГОКК:

Ивана Трајчева

Енѓелуше Кадриу Леши

Марија Ѓоргева

Валентина Бислимовска

Сузана Мирческа Кузмановска

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button