Судир меѓу власта и опозицијата за пописот

Дебатата што се одржа во текот на денот се фокусираше главно на злоупотребата на европското знаменце со кој законот е доставен до Собранието и тенденциите на владата да го донесе законот со ограничена расрава.
Парламентарното мнозинство смета дека изјавите на лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски дека нема да го признае резултатот од пописот, го поткопуваат процесот и го загрозуваат неговото реализирање.
„Со ова, го доведуваме под знак прашање,процесот пред време. Мора да придонесеме процесите, вклучително и пописот, да бидат што е можно поприфатливи и да не бидат спорни“.
Предлог- законот за попис на населението ќе биде поддржан и од Алијансата на Албанците и Алтерантива ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против пописот да се одржи на начин како што е предвиден со овој закон. Пописот на населението е предвидено да се одржи од 1-21 април и ќе го опфати населението, домаќинствата и становите. Државјаните кои не биле во Северна Македонија повеќе од 1 година, ќе бидат регистрирани како нерезиденти.
Adrian Kerimi