Судир меѓу власта и опозицијата за заслугите на изградбата на експресниот пат Страцин-Крива Палака
Судир меѓу власта и опозицијата за заслугите на изградбата на експресниот пат Страцин-Крива Палака

Премиерот Мицкоски и министерот за транспорт Николовски ја пресекоа лентата за автопатот Страцин – Крива Палака, кој се гради од мај 2018 година. Патот, кој е дел од Коридорот осум, е со вкупна должина од 25,5 километри и, според владините власти, ќе го намали времето на патување помеѓу Страцин – Крива Паланка и Страцин – Куманово за 20 минути.
Пуштањето на овој пат ја судри власта со опозицијата за тоа кој е заслужен. Делегација на СДСМ, предводена од градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, поранешниот министер за транспорт Благој Бочварски и поранешниот вицепремиер Љупчо Николовски, непосредно пред почетокот на официјалната церемонија одржа прес-конференција на која соопштија дека патот Страцин Крива-Паланка е завршен и дека 90% од проектот е направен за време на СДСМ.
Од друга страна, на официјалната церемонија, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека патот не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на СДСМ, туку на граѓаните.
Експресниот пат Страцин – Крива Паланка чинеше вкупно 94 милиони евра, од кои 80 милиони се средства од Светска банка.
Суад Бајрами