СВЕТ

Судир на два воза на метрото во Њујорк, полесно повредени 24 лица

Судир на два воза на метрото во Њујорк, полесно повредени 24 лица

Најмалку 24 лица се полесно повредени вчера во Њујорк кога се судрија два воза на метрото и еден од возовите излета од шините, соопштија спасувачките служби околу една од најпрометните области на Менхетен.

Advertisements

Затворени се три линии од разгранетата мрежа на една од најстарите подземни пруги во светот. Северозападниот дел на главниот остров на мегаполисот, областа Апер Вест Сајд на Менхетен, беше целосно опколен од пожарникари, полиција и возила на брзата помош.

Никој не е сериозно повреден во судирот.

Њујоршкото метро е екстремно дотраено, но несреќите и инцидентите се многу ретки, а бројот на патници почна повторно да се зголемува откако беше намален поради пандемијата и порастот на криминалот помеѓу 2020 и 2022 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button