МАКЕДОНИЈА

Судири во Собранието околу Законот за правична застапеност

На собраниската седница посветена на пратенички прашања,пратеникот од Европскиот фронт, Илир Хасани, упати прашање до вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, за напредокот на Законот за правична и соодветна застапеност, кој, како што рече, е најавуван веќе една година. Тој дури побара да бидат откриени и имињата на тимот експерти што го подготвуваат Законот. Хасани праша и зошто никој од Фронтот не е поканет да биде дел од тимот.

Advertisements

„Не овој месец, не утре, не следниот месец, не овој четврток, не оној четврток……….. Но, зошто и јас да не се вклучам во формулирањето на Законот. Што има лошо? Дали сум помалку Албанец од вас? Навистина не е во ред што нема човек од Европскиот фронт кој нè претставува нас, Албанците, со 18 пратеници, сега сме 21. Вие бевте 14, сега имате 11. Важно е да има и од наша страна. Вие не сте повеќе Албанци отколку што сме ние Албанци“, рече Хасани.

Без да даде нови рокови, вицепремиерот Арбен Фетаи ја обвини ДУИ дека 20 години не го регулирала правно прашањето за правична застапеност во согласност со Охридскиот договор.

„Ова прашање е сржта на Охридскиот договор на кој постојано сте се повикувале. Рокот за спроведување на Охридскиот договор, преодните рокови предвидени таму, беа до 2004 година. Од 2004 до 2024 година, кога ДУИ влезе во опозиција, се 20 години. 20 години каде што имавте можност и да го регулирате прашањето за застапување со закон и да го регулирате во пракса во многу институции, но не го направивте тоа. Не го направивте тоа затоа што не бевте заинтересирани да го направите“, рече Фетаи.

Премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена објави дека Законот за правична и соодветна застапеност е готов и ќе биде усвоен на една од наредните владини седници. После тоа, ќе биде испратено до Венецијанската комисија за мислење и, доколку нема забелешки, веднаш ќе влезе во собраниска процедура.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button