ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судот ја објави одлуката за 20 годишниот Васил Јованов, кој претходно бил фатен со дрога

Судот ја објави одлуката за 20 годишниот Васил Јованов, кој претходно бил фатен со дрога

Под притисок на јавноста, скопскиот Кривичен суд ја објави пресудата за Васил Јованов за случајот во кој тој беше прогласен за виновен за трговија со дрога. Јованов, кој на 29 јануари возејќи пијан, без возачка дозвола и на црвено светло, ја прегази  23-годишната Фросина Кулакова и покрај тоа што беше фатен со марихуана и кокаин и беше прогласен за виновен, наместо да заврши во затвор, судот му изрече мерка испраќање во воспитно-поправниот дом во Тетово. Но, тој не отишол во воспитно-поправниот дом бидејќи предметот бил во жалбена постапка во Апелациониот суд во Скопје.

Advertisements

При изрекувањето на пресудата, предметниот судија Даниела Алексовска-Стојановска се повика на членовите од Законот за заштита на децата, бидејќи Јованов во тоа време сè уште немал 20 години.

„На обвинетиот му се дава уште една можност да го поправи своето поведение, да продолжи да чекори кон правиот пат, оттргнат од негативни дејанија.  Судот го респектира и го застапува ставот дека целите на кривичните санкции не треба да претставуваат казнување и одмазда на сторителите, туку пред се нивна ресоцијализација за да во иднина не се јавуваат како извршители на други кривични дела“. – Пресуда на Кривичниот суд.

За овој случај денеска реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека наместо судот да ја прифати ослободителната пресуда, тие продолжуваат да го бранат својот став за случајот, каде лицето наместо во затвор, одзело нов живот.

“Вчера стотици граѓани, со цвеќе и палење свеќи, се собраа во знак на револт поради смртта на Фросина, која вечерта на 29 јануари додека се обидувала да ја премине улицата на булеварот „Партизански одреди“ беше удрена и убиена од 20 годишниот Васил Јованов. За демонстрантите тоа не е несреќен случај туку убиство поради тоа што младиот човек бил познат по криминалното досие, но никогаш не бил осуден”, рече Миле Лефков, ВМРО-ДПМНЕ. /Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button