ВЕСТИРЕГИОН

Судот му одреди притвор на шефот на железничката станица во Лариса

Судските власти во Грција му одредија притвор на шефот на железничката станица во Лариса, кој беше уапсен веднаш по железничката несреќа што се случи во вторникот минатата недела, а во која животите ги загубија 57 патници, јавуваат грчките медиуми.

Advertisements

Распитот на педесет и деветгодишниот шеф на станицата, според „Катимерини“, траел седум часа пред да му биде одредена мерката притвор. Како што претходно беше соопштено, тој е осомничен за кривичните дела убиство и убиство од небрежност и, доколку биде прогласен за виновен во судскиот процес што претстои, му се заканува казна од 10 години до доживотен затвор.

Адвокатот Стефанос Панцарцидис минатата недела изјави дека неговиот клиент се чувствува уништено и дека ја презел одговорноста за несреќата во оној дел во кој тој смета дека е одговорен, но додаде дека и други фактори биле присутни, без да наведе детали.

„Околу 20 проклети минути тој беше одговорен за безбедноста (на железничкиот сообраќај) на цела централна Грција“, изјави адвокатот на осомничениот чиј идентитет не се соопштува.

Во меѓувреме во Грција продолжуваат протестите што избувнаа по железничката катастрофа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button