ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судот во Стразбур утре ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Европскиот суд за човекови права во Стразбур не носи негативни или позитивни пресуди, но утре кога Судот треба да ја објави одлука за случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е важен ден за тоа што значи законитост, вели поранешната судијка во ЕСЧП, Маргарита Цаца Николовска.

Advertisements

-Јас се согласувам дека ова е многу важна одлука и дека многу работат зависат со тоа во насока на што значи законитост, појаснува судијката Цаца Николовска за „Локално“.

Таа е децидна дека Европски суд за човекови права не носи негативни или позитивни пресуди.

-Стразбур носи пресуда во која што се утврдува дека има повреда или нема повреда. Доколку утврди дека има повреда, тогаш треба да се види во што е таа повреда дали е процедурална или е суштинска повреда во мерит. Ако е процедурална тогаш странките имаат можност да бараат повторување на постапката, но повторно зависи што е процедурална повреда. Ако е повредата во мерит, треба да се види што е самата повреда и во зависност од тоа треба да се испитува дали треба да дојде до промена на законодавство или носење на нови закони, порачува судијката.

На прашањето дали еднаш дадено помилување може да биде отповикано, Цаца Николовска посочува дека е многу нејасно, имајќи ја во предвид македонската состојба, односно состојбата во предметот.

-Прашањето е дали постоела можност да се донесе помилување, имајќи ги во предвид законските одредби во Македонија. Тоа е нешто кое што прво треба да се утврди и после тоа да се дискутира или да се дава некое соодветно мислење, посочува Цаца Николовска.

Во предметот засегнати се поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ како Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button