МАКЕДОНИЈА

„Судовите не можат да комуницираат на тој начин, да лоцираат вина еден во друг“, велат од Апелација за реакцијата на Кривичен

Апелација не сака да ја коментира реакцијата на Кривичен суд за предметот „Организатори на 27 април“, па потсетува дека тие даваат напатствија на првостепениот суд, а не обратно. Ова доаѓа откако Кривичен впери прст кон судечката петорка од Апелација и им посочи дека требало да одлучат по предметот – а не да го вратат на ново судење. Од скопска Апелација посочуваат дека судовите не можат да комуницираат на овој начин.

Advertisements

„Ставот на Кривичен суд е нивни. Но, против одлуката на Апелација – нема што да се изразува став. Судовите не можат да комуницираат на тој начин, да лоцираат вина еден во друг. Апелација по закон има овластување да донесе пресуда односно решение, да укине пресуда, да даде напатствија, да образложи“, велат од Апелација за „Макфакс“.

Оттаму додаваа: „Апелација дава напатствија, а не првостепениот суд на повисокиот“.

„Поинаку од одлуката не може. Вратен е предметот. Првостепениот суд треба да постапи по напатствијата при повторното постапување и да одлучува по предметот на обвинението. Одлуката која сме ја донеле е согласно списите во предметот, жалбите…“, додаваат од Апелација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button