ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судовите се соочуваат со кадровски колапс

Судовите се соочуваат со кадровски колапс

Судството во Македонија се соочува со кадровски колапс. Во отсуство на кандидати, Судскиот совет на денешната седница беше принуден уште еднаш да го повтори конкурсот за претседател на Вишиот управен суд и основните судови Берово, Делчево и Крушево.

Advertisements

„Ситуацијата е навистина алармантна, бидејќи не знам кој оглас е ова по ред за претседател на судот во Крушево, Берово и немаме кандидати. Значи, никој не се пријавува со години. И ова е веќе алармантна ситуација“, рече Милазим Мустафа, член на Судскиот совет.

Другиот член, Сашко Георгиев, предложи Собранието да ја разгледа можноста за укинување на помалите судови во земјава.

Инаку, според податоците на Судскиот совет, во основните судови во земјава недостигаат вкупно 162 судии. Во моментов има 272 судии, а потребни се минимум 432. Во Апелационите судови во моментов работат 64 судии, во Врховниот суд, меѓу кои и судијата Наќе Георгиев кој е во притвор, евидентирани се 14 судии, додека недостигаат уште други 12. Недостигот од судии негативно се одразува на квалитетот на судските постапки и нивното времетраење./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button