Судска администрација на протести, бараат покачување од 78 проценти на минималната плата

Судската администрација од Основниот кривичен суд и Основниот граѓански суд денеска повторно протестираше, откако им било кажано дека не е предвидено поголемо покачување за нив од 10 проценти. Претставници на синдикатите за судска администрација денеска во изјава за медиумите за време на протестите пред Министерство за финансии истакнаа дека сега бараат покачување од 78 проценти на минималната плата и 35 проценти за додатоци на судските службеници. Тие исто така информираа дека од утре ќе се приклучат и службeниците од другите судови.
Претседателката на штрајкувачкиот одбор на Основниот кривичен суд, Јасмина Величкова, во изјава за медиумите истакна дека на вчерашната одлука за стапување во штрајк на овие два суда од утре ќе се приклучат сите останати судови.
-Барањата на штрајкувачкиот одбор се: Покачување на платата на судската служба од 78 проценти на минималната плата во судската служба и 30 проценти додаток на плата за судските службеници, истакна Величкова.