ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судската и извршната власт се дистанцираат од „паѓањето“ на делата против Мерко

Додека со измените на Кривичниот законик, на актуелниот струшки градоначалник, Рамиз Мерко, му застаруваат кривичните дела, надлежните од судската и извршната власт се дистанцираат од одговорност. Веднаш по прогласувањето на Мерко за персона нон-грата од страна на Американскиот Стејт департмент, претставници на Судски совет беа во посета на Основниот суд во Струга за да проверат дали и какви пропусти се случувале. Претседателот на Судскиот совет, Сашко Геoргиевски, откри дека не било најдено ништо спорно.

Advertisements

„….Од овие извештаи немаше некои посебни забелешки во однос на влијанија и незански постапки од страна на судиите“, рече Георгиевски.

Прашање: Но, кој судија ќе рече – да, мене ми е вршено влијание?

Видете, тоа се судии и ако самите судии не си пријават влијание, тоа е проблем за личноста како судија…“, вели Георгиевски.

А, заменик-министерката за правда Мадиќ, која ги потпиша предлог-измените на Кривичниот законик, сега не сака да ги коментира последиците од тоа.

„…Во однос на одлуките, на судските одлуки и одлуките на Јавното обвинителство, па дури и застарувањето, не би сакала да коментирам затоа што не знам точно за кои предмети станува збор и зошто тие застареле и од кои причини“, рече Мадиќ.

Стејт Департментот го стави Мерко на црната листа на САД поради корупција и мешање во судството. Но, како што Алсат веќе објави, со неодамнешните измени на Кривичниот законик, сите 16 активни предмети кои се водат против Мерко, најверојатно ќе застарат. Тоа значи дека тој нема да седне во судница за да му се суди за злоупотреба на службената положба според членот 353, кој со измените беше укинат.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button