ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судската и обвинителската администрација најавува радикализација на штрајкот

Не престануваат протестите на вработените во судската администрација и јавното обвинителство. На 17-тиот ден од нивниот штрајк нема напредок за зголемување на платите. Иако работната група е формирана сè уште немало конкретни разговори за платите и додатоците. Вработени во јавните обвинителства од цела држава маршираа кон зградата на Владата и централниот плоштад во Скопје. Не се откажуваат од барањата, зголемување за 78 отсто на минималната плата која ја земаат вработените во судската и обвинителската служба, а 35 отсто за останатите во администрацијата. Велат дека чекаат преговори, во спротивно ќе продолжат со протестите.

Advertisements

Зголемено незадоволство се појави по најавата од Владата од 26 септември дека минималната плата нема да биде основа за натамошно покачување на платите, што значи дека следната година, кога ќе се зголеми минималната плата на државно ниво, нема да има усогласување на платите за оние категории кои имаат колективни договори. Од Синдикатот на вработените во јавните ибвинителства велат дека ја бојкотираат работата и во моментов постапуваат само за итни случаи.

Судската и обвинителската администрација од утре нема да работат ниту за итни случаи доколку Владата веднаш не седне на разговори со синдикатот. Надлежните, пак, велат дека одредени области се обидуваат да го саботираат општиот колективен договор што беше постигнат во согласност со Сојузот на синдикати и оти исполнувањето на нивните барања е невозможно.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button