ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судски совет ќе реферира што прифатиле од препораките на ЕУ

Судски совет ќе реферира што прифатиле од препораките на ЕУ

Во среда се очекува Судскиот совет да одржи конференција на која ќе бидат елаборирани сите мерки преземени за спроведување на препораките на Мисијата за евалуација на Европската унија, која минатата година достави вкупно 17 предлози.

Во насока на имплементација на препораките, Советот кој врши избор и разрешување на судии, на претходните седници ја усвои Стратегијата за комуникација и го измени Деловникот, со кој се предвидува одговорност од страна на Советот и членовите за донесените одлуки во врска со изборот на судии. Конференцијата се одржува додека во земјата трае дебатата за тоа дали да се распушти Судскиот совет или не.

Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека ова тело треба да се распушти, бидејќи го изгуби кредибилитетот кај граѓаните, иако експертите велат да не се брза со вакви мерки, бидејќи тоа може да се протолкува како мешање на извршната во судската власт. Во програмата пишува дека Владата ќе иницира и измени на Уставот во делот на уредување на составот на советите, при што ќе се бара да се изберат членови од редовите на судиите и обвинителите. Кандидатите мора да исполнуваат високи лични и професионални стандарди.

„За време на реформскиот процес во Судскиот совет ќе ги земеме предвид сите препораки на Европската унија и европските добри практики“, стои во Владина програма.

Од друга страна, во извештајот за напредокот, од земјава се бара да ја разгледа правната рамка за функционирање на Судскиот совет со цел зголемување на транспарентноста и независноста. Сепак, насоките на ЕУ не се во насока на целосно распуштање на Судскиот совет. Вчера, амбасадорката на САД, Ангела Агелер, изјави дека идејата за распуштање на Судскиот совет е интересна. Таа ја нагласи важноста од одвојување на политиката од судството, но ги потсети надлежните дека имаат сугестии во извештајот на Европската унија, но и препораки од Мисијата за евалуација на ЕУ./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button