ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судски совет: Не сакаме да војуваме со министерот Кренар Лога

Од Судскиот совет соопштија дека немаат намера да војуваат со министерот за правда Кренар Лога. Реакцијата доаѓа по изјавата на Лога кој рече дека е во отворена војна со Судскиот совет. Оттаму пак, велат дека немало да толерираат ваков пристап, кој според нив, ги надминува нивните надлежности.

Advertisements

„Повеќе немаме намера да војуваме против никого, а уште помалку со министерот за правда Кренар Лога. Судскиот совет нагласува дека е подготвен да ги прифати сите намерни критики, но не може да дозволи министерот за правда да излегува од своите надлежности и да кажува како треба да работи Советот. Секој обид за мешање во нашата работа ќе се смета за напад од страна на извршната кон судската власт“, рекоа од Судскиот совет.

Од Судскиот совет не посочуваат дали против Лога ќе реагираат директно во Владата, односно премиерот ќе биде информиран за неетички и непрофесионален пристап на член на Владата. Иако од канцеларијата за комуникација со медиумите кусо соопштија ако на седницата во среда има дополнителна реакција, медиумите ќе бидат известени. Иако Лога е член на Судскиот совет, досега нема учествувано на речиси ниеден состанок. Неговите критики кон ова тело започнаа главно со постапувањето на Советот во случајот на претседателката на Основниот суд во Куманово, Снежана Манев.

Адриан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button