ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судски совет се уште не закажал седница за избор на нов уставен судија

Судски совет се уште не закажал седница за избор на нов уставен судија

Откако Управен ја поништи одлуката за изборот на Елизабета Дуковска за уставен судија, очите на јавноста се вперени кон судскиот совет, телото од кое се очекува да дојде предлогот за тоа кој ќе ја замени Дуковска. Сепак, од судскиот совет засега не прецизираат кога тоа конкретно би можело да се случи.

Advertisements

“Членовите на советот најпрво ќе треба да ја разгледаат пресудата на Управен, па потоа на колегиум да одлучат за понатамошните чекори, односно за тоа кога ќе се закаже седница на која ќе се расправа по оваа точка”, велат од Судски совет.

Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера рече дека дописот од Управен за одлуката за Дуковска веќе е испратен до Уставниот суд и до Судскиот совет. Согласно законот, судскиот совет сега ќе треба да закаже седница на која со осум гласа „за“ ќе даде свој предлог за нов уставен судија, а потоа откако предлогот ќе го испрати до Собрание, пратениците ќе го имаат последниот збор. Собранието пак ќе нема рок во кој ќе треба да ја закаже седницата и да избере нов уставен судија. Изборот на нов уставен судија во Собранието се врши со 61 глас „за“. Пред 4 дена Управен извести дека одлуката за избор на Дуковска за Уставен судија од 10 април 2023 година се поништува, откако судот утврдил дека постапката за избор била неправедна бидејќи советот не ги разгледувал имињата на другите двајца кандидати за предлог за уставен судија откако Дуковска ги собрала 8-те гласа што ги бара законот. Жалбата до Управен за изборот на Дуковска беше поднесена од членот на судскиот совет Антоанета Димовска, која во тоа време исто така беше кандидат за уставен судија. Престанокот на функцијата уставен судија на Дуковска доаѓа во време на закажана подготвителна седница за законот за употреба на јазиците, предмет во кој токму таа беше судија известител. Со нејзиниот престанок на функцијата, Уставен одлучи да ја одложи подготвителната седница и останува неизвесно кога постапката за овој предмет би продолжила. Дуковска беше избрана во Судскиот совет, а потоа како предлог, изгласана и официјално од Собранието, со 64 гласа „за“, пред точно две години.Во Уставниот суд едно место од вкупно деветте, припаѓа на судија од редовното судство, предложен од Судскиот совет./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button