Судскиот совет да постапува побрзо и поефикасно
Судскиот совет да постапува побрзо и поефикасно

Враќањето на довербата кај судиите како прв чекор до враќање на довербата на судскиот совет кај граѓаните најави првиот човек на судски совет Александар Камбовски кој неодамна беше избран за нов претседател на советот. Во разговор за Алсат за предизвиците кои го очекуваат во иднина и за евентуалните разрешувања на дури петмина членови на советот избрани во Собранието, откако извештајот за работата на советот не доби зелено светло од пратениците, Камбовски вели дека законодавната власт е таа која ќе треба да одлучи, но тој не поддржува колективна одговорност.
“Повеќе и сум кажал јас веќе дека сум за индивидуална одговорност, не колективна одговорност. Дали Собранието ќе поведе постапка или не, не знам, значи тоа припаѓа на друга власт, потребно е да соработуваме сите три власти и законодавната и извршната и судската, и сигурен сум дека при постапувањето и законодавната власт, односно на собранието, ќе внимава на законите, на уставите, кое впрочем самото тоа ги носи тие закони”, рече Александар Камбовски, претседател на судски совет .
Во најава е и целосно нов закон за судски, кој треба да биде готов до јуни оваа година. Камбовски се надева дека законот ќе овозможи да се намали времетраењето на постапките кога ова тело одлучува за конкретен предмет.
„Би можеле да се убрзаат постапките коишто ги водиме, бидејќи сведоци сме дека постапките се релативно долги, а граѓаните се нестрпливи за одлуките на судскиот совет, а ние сме сепак врзани за некои законски норми и постапувањата се согласно тие законски норми. Тоа би било убаво доколку таму се направи некаква промена, да може со поголема ефикасност и брзина да постапува судскиот совет„, додаде Александар Камбовски, претседател на судски совет.
Камбовски на 3 јануари едногласно беше избран за нов претседател, а веќе една година е член на советот. На челната позиција доаѓа во време кога Советот се соочува со постојани критики за работата од извршната власт, поради што ова тело е под посебен мониторинг на јавноста. Првата седница како претседател се очекува да ја одржи утре./Алсат.мк
Михаило Донев