ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет едногласно го избра Иван Џолев за претседател на скопскиот Кривичен суд

Судскиот совет на днешната седница едногласно со 13 гласа „за” го избра Иван Џолев за претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Советот му даде мандат по вторпат да го раководи најголемиот суд во државата, во кој, меѓу другото, е и одделот кој постапува по судските предмети од областа на организираниот криминал и корупција.

Advertisements

Инаку, Џолев досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на овој суд, на која беше назначен лани во ноември, откако му истече претходниот четиригодишен мандат на претседател, а Судскиот совет тогаш не избра нов. По ова, беше распишан оглас за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје, а постапката траеше речиси една година бидејќи оценувањето на кандидатите за судии и претседателите на судови се вршеше по новата методологоја која вклучува повеќе квалитативни и квантитативни критериуми, кои вклучуваат и психолошки тестови и тест за интегритет.

Џолев беше единствен пријавен кандидат за претседател на најголемиот суд во државата. На седницата беше посочено дека Џолев е оценет со 200 бода. По неговиот избор, образложувајќи ги причините зошто гласале за Џолев, сите членови на Советот истакнаа дека станува збор за квалитетен кандидат, кој покажал одлични резултати во раководењето со судот во претходниот четиригодишен мандат и како в.д. претседател во изминатиот едногодишен период.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button