ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет едногласно ја повлече од дневен ред точката за избор на нов претседател на Советот, по неотповикливата оставка на Весна Дамева

Судскиот совет едногласно ја повлече од дневен ред точката за избор на нов претседател на Советот, по неотповикливата оставка на Весна Дамева

Судскиот совет едногласно ја повлече од дневен ред точката за избор на нов претседател на Советот, по неотповикливата оставка на Весна Дамева. Членовите на Советот рекоа дека се изненадени од одлуката и дека им треба повеќе време да размислат кој ќе биде предлогот за нов прв човек на Судскиот совет. Дополнително, Лимани рече дека на денешната седница недостигаат двајца членови, додека на уште двајца членови на советот им завршува мандатот, па оваа одлука најдобро е да се донесе кога Советот ќе биде комплетиран.

Advertisements

„Имам конкретен предлог, да се тргне од дневен ред втората точка, изборот на претседател на Судскиот совет, поради тоа што денеска недостасуваат двајца членови со право на глас. Исто така, во фаза сме на избор на двајца нови членови кои ќе бидат избрани, изборите ќе бидат на 11 овој месец, еден член од редот на судии од општата листа на Апелација-Штип и еден член од посебната листа каде гласаат сите судии, мислам дека за избор на нов претседател треба да бидеме во полн состав“,  рече Исамедин Лимани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button