ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет и судиите да се саморегулираат, смета поранената судијка во Врховен, Вера Коцо

Поранешната врховна судијка, Вера Кочо, во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека најавата на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот совет не е решение, бидејќи станува збор за политичка мерка. Според неа, Советот и судиите треба да се само-регулираат.

Advertisements

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ, кој се очекува наскоро да ја преземе власта, вети дека покрај распуштањето на Судскиот совет, ќе се распушти и Советот на јавни обвинители, бидејќи го изгубиле својот кредибилитет.
Опозицијата, пак, се сомнева дека сегашните членови ќе бидат сменети со луѓе лојални на власта

Против оваа мерка се изјасни и министерот за правда Кренар Лога, иако пред една година се обиде и самиот да го стори истото. Лога, напиша писмо до амбасадите и меѓународните институции во земјава каде изрази загриженост за најавите за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Според него, ова е обид да се „зароби“ правосудниот систем што го подготвува новото парламентарно мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека реформите во судството ќе ги прави преку донесување на новите закони за кривична постапка, за судови и обвинителства, но и со воведување на новиот Кривичен законик. Преку нив се предвидува спречување на влијание и непотизам во постапките за избор на судии и обвинители. Во меѓувреме, одговорност ќе се бара и за судиите и обвинителите кои се разрешени поради неодговорно работење./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button