Судскиот совет ја предложи Елизабета Дуковска за нова уставна судијка
Судскиот совет ја предложи Елизабета Дуковска за нова уставна судијка

Елизабета Дуковска е предложена за нов уставен судија. Овој суд тешко функционира веќе подолго време со само 6 од вкупно 9 судии и многу предмети остануваат неразгледани поради немање мнозинство, особено за предметите во кои се потребни девет судии. Дополнително, неговото целосно функционирање останува заложник на политички спорови.
Весна Данева- претседателка на Судскиот совет
Дуковска успеа да добие 11 гласа од членовите на Судскиот совет, а само двајца гласаа против. Во моментов таа е судија во Апелациониот суд во Скопје. Покрај неа, членовите на Судскиот совет за уставни судии ги предложија и судиите Татјана Сусулеска и Анотонета Димовска, но тие не добија мнозинство гласови.
Покрај предлогот на Судскиот совет, изборот на уставни судии се врши и по предлог на двајца членови на претседателот на државата, а пет судии предлага Собранието. Расправата во собраниската комисија заглави кај предлогот на Љубомир Јовевски./Алсат.мк
Ардит Рамадани