ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ќе ја зголемува транспаретноста на судовите

Судскиот совет ќе ја зголемува транспаретноста на судовите

Додека во јавноста се дискутира за најавите од власта за промена на законите за судскиот совет, членовите на ова тело кое избира судии, денеска со 9 гласа „За“ и ниту еден „против“ ја одобрија Комуникациската стратегија 2024-2028 година со акцискиот план. Со оваа стретегија треба да се поддигне нивото на транспарентност и отчетност на Судскиот совет и судовите.

Стратегијата, која е одобрена по препораките на евалуациската мисија на ЕУ, предвидува подобрување на комуникацијата на Судскиот совет и судовите како меѓусебе, така и со граѓаните и медиумите. За ова се предвидени активности со конкретни рокови за нивна реализација.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, рече дека со оваа стратегија се воспоставуваат високи европски стандарди и додаде дека Судскиот совет и судиите треба да бидат потранспарентни.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која учествуваше на денешната седница, рече дека е потребна волја за спроведување на оваа Стратегија која пред се треба да помогне да се заштити интегритетот на судиите и да се спречат надворешни влијанија.
Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд,
„Она што е најважно за реализација на оваа стратегија, мора да има мотив, волја, бидејќи транспарентноста дава голем и незаменлив придонес за угледот на судството и за општата перцепција во целина. Секогаш треба да се има предвид дека комуникацијата со јавноста, граѓаните, медиумите и граѓанските организации имаат голема улога во заштитата на интегритетот на судиите, но и во заштитата на судството од надворешни влијанија. Поради оваа причина, сите обврски за одговорност се засноваат на владеењето на правото. Ова е суштината на комуникациската стратегија“.
Членовите на Судскиот совет, Тања Чачарова Илиевска и Антоанета Димовска порачаа дека стратегијата не треба да остане само на хартија туку да се имплементира.

Претходно, Судскиот совет го измени и правилникот за работа со кој се предвидува одговорност на Советот и неговите членови за донесените одлуки во врска со изборот на судии.
Инаку, ВМРО-ДПМНЕ, која се очекува наскоро да ја преземе власта, вети распуштање на Судскиот совет и Обвинителскиот совет бидејќи го загубиле кредибилитетот. Ова не го поддржува опозицијата и дел од експертите поради сомнежот дека досегашните членови на советите ќе бидат сменети со луѓе блиски до власта./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button