ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет констатираше престанок на функцијата на врховниот судија Наќе Георгиев

Судскиот совет констатираше престанок на функцијата на врховниот судија Наќе Георгиев

Судскиот совет констатираше престанок на функцијата на суспендираниот врховен судија Наќе Георгиев. Тој го призна делото и е осуден на 3 години затвор за примање поткуп од 10.000 евра за да влијае на олеснување на судскиот процес против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, кој е обвинет за трговија со дрога.

Advertisements

Судскиот совет кој пред четири години го пофали изборот на Георгиев за професионален кадар денеска испрати порака дека сите корумпирани судии ќе ги принудат со наведнати глави и засрамени, судот да го заменат со затворски решетки. И претседателката на Советот, Весна Дамева ги повика граѓаните да ги пријават случаите на поткуп за да реагираат по нив.

Членот на Судскиот совет, Антоанета Димовска, иако рече дека не е нејзино да коментира судски одлуки, сепак како граѓанин не е задоволна од должината на казната за судијата Георгиев.

Дури и премиерот Христијан Мицкоски денеска се изјасни за случајот на Георгиев, но и за неговиот соработник Иџет Мемети, кој исто така се изјасни за виновен и беше осуден на 1 година условен затвор.

Инаку, Мемети за разлика од Георгиев поднесе оставка од функцијата член и потпретседател на Советот на јавни обвинители. Иако Мемети првично ја негираше вината, подоцна се договорил со Обвинителството со кое признал дека примил поткуп од 10.000 евра. Мемети претходно министер за правда, Уставен судија, 16 години по ред беше народен правобранител и неодамна член на Советот на јавни обвинители./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button