ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет на следната седница ќе избере 8 судии во Апелација

Судскиот совет во среда свика седница за избор на судии во Апелација. Алсат го обезбеди списокот од 8 судии, кои ќе одат во второстепениот суд, 4 за кривична и 4 за граѓанска материја. Принципот на селекција е – првите тројца со најголем број на  бодови од македонска етничка припадност и првиот од албанската етничка припадност. Во списокот за судии во Апелација за кривична материја е и  Лазар Нанев, кој  деновиве се најде во средината на конфликтот меѓу Судскиот совет и министерот за правда, по што Лога нареди вонредна контрола на комисијата за надзор на АКМИС системот во Судот во Кавадарци.

Advertisements

Неофицијално се дознава дека во увидот биле најдени предмети чувани во фиока повеќе од една година, но официјалниот извештај ќе биде објавен дури по разгледувањето во Судскиот совет. Дали ова може да го одложи изборот на Нанев во Апелација, зависи од одлуката на членовите во Советот. Други судии кои се очекува да ја добијат довербата од членовите на советот се: Габриела Гајдова од Велес, Ола Ристова и Осман Шабани од Кривичниот суд Скопје.

Од граѓанските судови во Апелација ќе заминат Елизабета Настов, Александар Шопов и Наталија Донева, додека актуелниот претседател на Основниот суд Скопје 2, Илир Сулејмани е меѓу судиите со највисоки квалификации од групата судии од немакедонска припадност, поточно судија Албанец.

За седум од осумте кандидати, членовите на советот немаат никакви резерви, додека изборот на Лазар Нанев е доведен во прашање само затоа што неодамна се соочи со обвинувања од министерот за правда. Тој во јули  оваа година  се пријави и за член на Судскиот совет, но не доби поддршка од Советот.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button