Судскиот совет одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на Беса Адеми

Во Судскиот совет се одржува јавна седница на која ќе се одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.
Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите. Судскиот совет со осум гласа „за“ одлучи да го прифати барањето на судијката.
Иницијативата ја покрена членот на Судски совет, Миљазим Мустафа по интервјуто на претседателката Адеми за порталот СДК.МК. Во интервјуто, Адеми отворено говореше за политички притисоци врз институцијата на која таа е прв човек, за оживување на „амнестијата“ на претседателот Ѓорѓе Иванов и политичките математики за спас на експремиерот во бегство, Никола Груевски.
Инаку, Миљазим Мустафа е член на Судски совет како предлог на претседателот Стево Пендаровски.