ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет во инспекција во струшкиот суд за Мерко

Четворица членови на судскиот совет денес некаде после 12 часот пристигнаа во Основниот суд во Струга.Тие ќе извршат контрола на работењето на струшкиот Основен суд, но ќе разговараат и со сите судии кои што имале предмети поврзани со актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.

Екипата на Алсат го „улови“ нивното доаѓање во судот. Посетата се чуваше во тајност, а утринава од судот во Струга за Алсат изјавија дека од медиумите рабзрале дека ќе дојде екипа од Судскиот совет. Пред влегување во судот, координаторот рече дека ќе извршат детална проверка.

„Ќе ја проверуваме ситуацијата во Основен суд во Струга, по однос на овие информации кои веќе беа по медиумите. Јавноста ќе биде известена по завршувањето на контролата. Извештајот ќе биде изготвен и објавен по усвојување од страна на Судски совет“, рече Миљазим Мустафа-координатор на работна група на Судски совет.

Од одмор денес се врати и претседателот на Судот во Струга, Ифет Бајрамоски, но денес не сакаше да дава никаква изјава.Инаку по третиот избор на Мерко за градоначаланик, Судот во Струга го зголеми износот кој општината можеше да го троши иако беше со блокирана сметка и од 16 милиони денари, времената рамка на општината ја зголеми на 58 милиони денари односно на околу 1 милиони евра. Претходно истиот тој суд го одби ваквото барање што беше поднесено од претходниот градоначалник на Струга, Зијадин Села. Според познавачите парите од таканаречената времена рамка треба да се искористат за плати, сметки за вода, струја и гориво за службените возила, што за општина Струга не изнесува повеќе од 12 милиони денари, а не за луксузирања. Инаку претставката што беше поднесена од Антикорупциската комисија против судијата Бајрамовски е застарена. Според Судскиот совет ургенцијата била испратена 3 години по извршувањето на прекршокот, и немало правна основа за постапување.

Министерот Оливер Спасоски денес рече им стојат на располагање на судските органи во однос на наредбите кои ќе ги добијат.

„Ние дадовме многу конкретна информација во однос на оваа состојба во однос на предметите кои се водат. Беа изнесени точно и од страна на Јавното обвинителство во делот на овие постапки и ние сме тука како институција да постапуваме по сите наредби кои ќе ги добиеме не само за конкретниот случај туку и за сите останати, меѓутоа да за ова има случаи кои се водат и се наоѓаат пред Обвинителството“, рече Спасовски.

И Мерко вчера по една недела молк, рече дека ќе соработувал со истражните органи, откако Америка го стави на црната листа поради основани сомневања за корупција.

Тој деновиве редовно доаѓал на своето работно место и редовно примал странки во неговиот кабинет. Оствака не најави.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button