ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судскиот совет во одбрана на Апелациските судии за Мијалков

Igor Stefanovski

Advertisements

Судската власт е самостојна и независна, а судијата одлучува непристрасно и и самостојно. Ваков е ставот на членовите на Судскиот совет, по реакциите во јавноста кои ги предзивикаа судиите во Апелациониот суд кои му го укина притворот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков со гаранција од 11 милиони евра во предметот „Трезор“. Со јавна реакција се огласи и министерот за правда, Бојан Маричиќ кои ги објави имињата на апелационите судии кои донеле  таква одлука. Станува збор за судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети.

„Судскиот совет укажува дека судската власт е независна и самостојна, а Советот е орган кој постапува исклучиво според закон и не делува под политички влијанија, а истото се однесува и за работата на судиите. Оттаму, врз основа на надлежностите, сите алатки кои Советот ги има на располагање во оваа фаза, а со оглед дека судскиот предмет е активен, остануваат интерни за Советот. За секоја следна постапка или евентуална одлука Судскиот совет навремено ќе ја извести јавноста.“

Адвокатите на Мијалков испратија нова жалба до Апелациониот суд, откако вчера Кривичниот му определи притвор  за предметот „Плацеви на Водно“. Тие велат дека одлуката на скопска „единица“ е контрадикторна, бидејќи сега против Мијалков се активни две мерки – притворската и гаранција од 11 милиони евра во имот со кој Мијалков гарантираше дека нема да избега.

„Основниот кривичен суд немаше доблест, а и не смее, а и не може да ја укине гаранцијата, па сега према Мијалков имаме цел ЗКП (Закон за кривична постапка) применет. Имаме притвор, имаме гаранција, имаме мерки на претпазливост, што е недозволиво, спротивно на сите прописи и на меѓународните воопшто стандарди. Основниот суд не може да ја укине гаранцијата, а не можеме ниту ние да ја укинеме, затоа што на тоа решение на Апелациониот суд нема право на жалба, тоа е правосилно и тоа е во сила.“

Одбраната на Мијалков реагира и за тоа што вчера ниту тој ниту тие не биле повикани да се произнесат за мерката притвор која ја бараше Обвинителството.

„Кога ставот доаѓа од повисок суд, не може ставот на повисок суд да не биде ценет од ставот на понизок суд. Во конкретниот случај се случи токму тоа. Тоа е тотално спротивно на челнот 6 од европската конвенција за човековии права.“

Мијалков и е познат на јавноста како бегалец. МВР во февруари годинава распиша потерница по екс директорот на тајната полиција откако Кривичниот суд му определи куќен притвор по пресудата за „Таргет – Тврдина“ предмет во кој е неправосилно осуден на 12 години затвор. Мијалков потоа сам се пријави во суд и изјави дека не знаел за мерката, туку бил болен, па беше однесен во притор. По истекот на тој притор, на Мијалков му беше определен притвор во случајот „Трезор“ до прависолноста на пресуда, за кој доби 8 години затвор. Апелација сè уште нема донесено правосилна пресуда за овој случај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button