Судскиот совет во среда одлучува за претседателката на кумановскиот Суд

Судскиот совет во среда мора да го разгледа дополнителниот извештај за одговорност на в.д. претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев. Прелиминарниот извештај во кој е констатирано „прескокнување“ на системот АКМИС и нарушување на меѓучовечките односи во судот, не ја доведе Манева пред морална и правна одговорност. Советот изготви дополнителен извештај, чија содржина може да се соопшти на седницата в среда, доколку истиот не биде повлечен од постапката за ревизија. Во извештајот од посетата од 1 февруари 2023 година, меѓу бројните прекршувања, незаконски постапки и несоодветна систематизација, беше наведен и националниот и навредлив пристап на претседателката Манева, која кон судиите Албанци користела термини како „Шиптари, неспособни“ и „говеда“.
Дополнително, Манева беше два пати и на психолошко тестирање. На 4 јули, кога Манева беше подложена на тестот, Институтот за правни, политички и социолошки истражувања констатира дека Манева го прекинала тестирањето поради чувството на замор, па затоа се препорача следен тест по 10 дена. И покрај препораката, Манева беше на тестирање на 31 август, додека на 1 септември Институтот соопшти дека Маневаа ги исполни условите да биде избрана за претседател на Основниот суд Куманово.
На која правна основа се заснова двојното тестирање, тоа останува да го разгледа Судскиот совет на следната седница. Прекршувањата на Манева се наведени и во извештајот од 13 март, кој од Советот беше изгласан со 8 гласа „за“ и 4 гласа „против“. Претходно, на 11 март министерот за правда Кренар Лога се обрати со барање до Судскиот совет за преземање итни мерки против в.д. претседателката на кумановскиот суд.
Адриан Керими