Судскиот совет за „Таргет-Тврдина“ формира работна група
Судскиот совет за „Таргет-Тврдина“ формира работна група

Работна група од Судскиот совет ќе го испитува предметот „Таргет-Тврдина“ и одлуката на Апелациониот суд за повторно судење на случајот со масовното прислушување, кој го товари поранешниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков. Ќе се разгледува и постапката за предметите „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“. За случајот „Таргет-Тврдина“ работната група ќе бара да ги дознае причините зошто предметот останал во фиока една година.
Според нив, Апелациониот суд денеска преку соопштение ги образложил причините поради кои е поништена првостепената одлука во случајот „Таргет-Тврдина“. Во текот на судскиот процес биле сторени суштински повреди на одредбите од Законот за кривична постапка.
„Таргет-Тврдина“ е четврти по ред предмет по обвиненијата што ги поднесе поранешното СЈО, за кој Апелациониот суд ги укина одлуките на Кривичниот суд. Тој претходно го отфрли случајот „Трезор“ во кој Мијалков беше осуден на 8 години затвор за незаконска набавка на опрема за прислушување. Случајот „Титаник 2“ каде Мијалков, првиот човек на ДПА Мендух Тачи и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Елизабета Стефанова и Влатко Сајковски беа обвинети за изборни нерегуларности. Случајот „Титаник 3“ во кој за изборна злоупотреба беа обвинети Ејуп Алими и Исмет Гури. Во фиоките на Апелација останува предметот „Транспортер“ за кој за местење тендери е обвинет поранешниот прв човек на Битола, Владимир Талески.
Случајот „Парцели на Водно“ каде обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев. Единствените случаи кои завршија се случајот „Тенк“ за тендерот за Мерцедес од 650.000 евра беа осудени поранешната министерка за внатрешни работи Гордна Јанкуловска и Груевски, како и случајот „Сопот“. Во него осудените беа прогласени за невини, но Јавното обвинителство досега не презеде ништо за расветлување на случајот, односно кривично гонење за монтирање на случајот./Alsat.mk
Адријан Керими