ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Судското рочиште за „Ласкарци“ откажано без никакво образложение

Без никакви образложение и по повеќе од половина час чекање, новинарите и снимателите се информирани за откажување на судскиот процес за несреќата на „Дурмо турс“ кај месноста Ласкарци. Следното судење е закажано за 20 април.
Потсетуваме, автобуската несреќа се случи во 2019 година и однесе 16 животи. Повеќе од 30 други беа повредени. И покрај очекувањата процесот да добие судски епилог, рочиштата не е прв пат да се откажуваат.
Инаку, во последните четири седници беше сослушан лидерот на тимот вештаци кој го подготви супер вештачењето за овој случај.