ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судство – СС го разреши судијата Беџети

Судство СС го разреши судијата Беџети

Судскиот совет на затворена седница го разреши контроверзниот апелационен судија Енвер Беџети, кој пред пет месеци беше ставен на црната листа на САД заедно со сега веќе избеганиот поранешен вицепремиер Артан Груби, поради постоење докази дека е вмешан во корупциска афера за да му помогне на поранешниот шеф на Тајната полиција, Сашо Мијалков, да избега од правдата. Информацијата за неговото разрешување незаконски протече во јавноста од страна на Судскиот совет, со оглед на тоа дека одлуката се уште не е конечна, бидејќи Беџети има право на жалба до Советот за жалби на Врховниот суд.

Advertisements

Од таа причина, Судскиот совет не дава детали за причините за одлуката.
Постапката до конечната одлука дали да се разреши Беџет од судиската функција, согласно Законот за Судскиот совет, има неколку фази. По одлуката на Судскиот совет, Беџети може да поднесе жалба во рок од 8 дена до Советот за жалби на Врховниот суд, кој е составен од 9 судии од различни судови и кои се избрани со ждрепка.

Советот за жалби, по прифаќањето на евентуалната жалба на Беџети, треба да се состане во рок од 10 дена, а по седницата, во рок од 30 дена треба да донесе одлука. Во таков случај, Советот може да ја потврди или отповика одлуката на Судскиот совет. Ако одлуката на Судскиот совет се поништи, тогаш постапката се повторува, ако се потврди, тогаш судијата нема право на жалба и автоматски одлуката за разрешување на Беџети станува извршна. Согласно пресметката на роковите во постапката, конечната одлука треба да се почека најдоцна 48 дена.

Откако се најде на црната листа на САД, Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмети за испитување на коруптивните постапки на Беџети, како што објави американскиот Стејт департмент.
Предметот, сè уште нема епилог. Обвинителите велат дека собираат докази и испрашуваат сведоци.
Името на Енвер Беџети е споменато неколку пати во негативен контекст во меѓународните извештаи. Неговите постапки за чување на случаите во фиоките дури и пред да биде ставен на црната листа од страна на САД беа споменати во извештајот на американскиот Стејт департмент, но и во извештајот на Европската комисија за напредокот. За неговите постапки со кои го спаси од затвор поранешниот директор на тајната служба, во ноември минатата година Беџети беше казнет од Судскиот совет со 20 проценти за шест месеци.

Беџети, користејќи политички врски, се обиде да стане врховен судија, но неговиот обид не помина на Судскиот совет, каде подоцна во знак на одмазда крилото кое го поддржува[e Беџети за врховен судија, организираше и пуч против поранешната претседателка Весна Дамева. Како судија во апелација, тој одлучуваше по најголемите предмети против поранешни осудени функционери, вклучувајќи го и случајот „Таргет-тврдина“, додека за одложувањето на случајот „Трезор“, ја имаше поддршката од колешката Лирије Елези. Чувањето во фиоките на овие дела му овозможи на Мијалков, и покрај тоа што беше осуден на многу години затвор за неколку дела, да остане на слобода и да тргува со правдата., а случаите меѓу кои беше и прислушувањето да застарат./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button