ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судството разбранувано по писмото на Агелер

Не престануваат бранувањата во правосудството по писмото на американската амбасадорка Анџела Агелер до повеќе институции во државава во кое изразила загриженост поради начинот на процесуирање и одлговлекувањето на високопрофилни судски предмети.

По првичните реакции на претставници на извршната власт дека одговор на забелешките пред се треба да дадат судиите и оние кои управуваат со нивната работа, правосудните институции деновиве ги зафтија турбуленции кои резултираа со разрешување на претседателката на Судскиот совет за кое некои прави експерти оценуваат дека е нелигитимно, како и јавни препукувања во обвинителската фела.

Судскиот совет во средата на јавна седница неочекувано ја разреши претседателката Весна Дамева. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од амбасадорката Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место.

Нејзиниот наследник требаше да се избира вчера, но седницата на Судскиот совет на која се очекува да се гласа нов претседател е презакажана за 2 мај во 11 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button