
Огромниот товарен брод кој се насука и го блокираше сообраќајот во Суецкиот канал беше малку ослободен од калта и малку се помести. Меѓутоа и покрај тоа сè уште е неизвесно кога потполно ќе се деблокира и ќе се врати во пловниот правец на каналот.
Соочен со силни бочни ветрови, товарниот брод „Евер даден“, долг околу 400 метри, во вторникот минатата недела заглави дијагонално во јужниот дел на Суецкиот канал и целосно го блокираше сообраќајот на оваа трговска рута, која се смета за една од најпрометните во светот.