МАКЕДОНИЈА

Сулемани: Тетовци избраа промени

Хамди Сулемани од граѓанското движење „Подобро за Тетово“, во „Емисија 200“ на Алсат, зборуваше за реакцијата на граѓаните кога нешто ќе тргне наопаку во државата, притоа нагласувајќи дека Тетово отсекогаш било гласот на промените и според него, секогаш имало реакции кога нешто не е во ред.

Advertisements

„Се познаваме изминативе 7-8 години од протестите за чист воздух, за Шарпланина и сега за тоа што сме во Советот на општината, а граѓаните ценат дека има луѓе кои го креваат својот глас и го покажуваат своето незадоволство. Ова се случува за прв пат во Општина Тетово, па велат оние кои раководат со општината дека никогаш во историјата немало да блокираат каква било процедура во Советот на општината, или да критикуваат градоначалник кој не се снашол добро во работата. Затоа тетовци ја избраа промената и побаравме промената да ја има и во Советот на општината, за да му понудиме подобра можност на градот“, рече Сулемани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button