СПОРТФУДБАЛ

Суперкупот на УЕФА се игра во Варшава, Аталанта против Реал

Откако Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите изминатиот викенд, се спушти завесата во европските купови. Со победата над Борусија Дортмунд на „Вембли“, клубот од Шпанија по петнаесетти пат го крена престижниот трофеј.

Advertisements

Покрај европската титула, ова значи дека Реал Мадрид доби право да игра и во УЕФА Суперкупот. Таму својот ривал веќе го очекуваше Аталанта која ја освои Лига Европа.

Реал и Аталанта ќе ја отворат новата европска елитна сезона со натпреварот кој на 14 август ќе се одигра на „ПГЕ Народови“ во Варшава. Овој модерен стадион има капацитет од 58.580 седишта, а на него шпанците и италијанците ќе се борат за првиот европски трофеј следната сезона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button