СПОРТ

Суспендиран хокеар, сакал да купи кокаин на Олимписките Игри во Париз

Австралискиот хокеар Том Крег, кој беше уапсен за време на Олимписките игри во Париз при обид да купи кокаин, е суспендиран на 12 месеци, објави во средата Австралиската хокеарска асоцијација (Хокеј Австралија).

Advertisements

Крег ќе мора да отслужи најмалку половина од суспензијата, која започна на 9 септември, а преостанатите шест месеци ќе бидат условна казна, се вели во соопштението на Австралиската асоцијација за хокеј на трева.

Крег беше ослободен без обвинение, но доби предупредување од судијата откако француската полиција го уапси за наводен обид да купи кокаин во Париз неколку дена по поразот на Австралија во четвртфиналето на хокејскиот турнир со 0-2 од Холандија.

„Том имаше пристап до сите услуги за поддршка на спортисти во рамките на нашата програма и ќе продолжи да го прави тоа за време на неговата суспензија. Неговата благосостојба останува наш приоритет“, се вели во соопштението на Хокеј Австралија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button