МАКЕДОНИЈА

Суспензија за секретарот на охридската болница, се вакцинирал преку ред

Два дена по примањето на вакцината против Ковид, разрешен секретарот на охридската болница. Неговата вакцинација предизвика бројни реакции, а Министерството за здравство  тоа го оцени како злоупотреба и кршење на приоритетната листа за вакцинирање, каде први на списокот се лекарите кои работат со пациенти во Ковид центрите.

Advertisements

„Директорот на Општата болница во Охрид ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој, спротивно на Националниот план за имунизација, е вакциниран преку ред во Модуларната болница во Скопје. Министерот за здравство осудува каква било злоупотреба и кршење на приоритетите што ги вклучува трите фази на имунизација за Ковид“, наведуваат од Министерството за здравство.

Секретарот на болницата во Охрид, Антонио Наумовски телефонски за АЛСАТ изјави дека не бил известен за отказот и дека од денеска е на боледување. Ќе се жали на одлуката за разрешување и најави тужба.

АЛСАТ  праша во Министерството за здравство дали е спорно тоа што отказот е подготвен додека секретарот  е на лекарско отсуство, но не добивме одговор. Од МЗ, исто така, не одговорија и на прашањата на АЛСАТ зошто немаше санкции за директорот на болницата кој го составил списокот за вакцинација, а на кој се повикал секретарот. Охридската болница, од друга страна, формираше внатрешна комисија која ќе ги разгледа пропустите во процесот.

Во Модуларната болница во Скопје, пак, продолжува процесот на вакцинација на медицинскиот персонал. Досега се дадени над 1000 вакцини Фајзер.

А, процесот на набавка на руски вакцини „Спутник“  е во фаза на преговори. Премиерот Заев рече дека договорот сè уште не е потпишан, но дека тие се во фаза на разговори со руските власти за што побрзо доставување на вакцините.

200 000 кинески вакцини се очекува да пристигнат до крајот на февруари. 5860 вакцини директно од Фајзер се очекува да пристигнат во март, а пакетот со останатите вакцини донирани од Србија се очекува да пристигне во рок од две недели.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button