ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сузбиена е криминална мрежа за наркотици во Виена, уапсени тројца македонски државјани

Запленети се 2.000 стебла марихуана на периферијата на Виена и уапсени тројца македонски државјани. Во заедничка акција на нашата и австриската полиција, сузбиена е меѓународна криминална група. ВО австриската престолнина откриени се три лаборатории за нелегално производство на дрога, каде службите на двете земји ги следеле дилерите за да ги фатат на дело. Во подрумот на зградата каде се одгледувал и пакувал канабис, што на црниот пазар се продавал по 10.000 евра за килограм, велат од Министерството за внатрешни работи.

Advertisements

Од Министерството за внатрешни работи велат дека продолжуваат со висок интензитет да ги следат сите незаконски активности за производство и продажба на дроги на домашниот и меѓународниот црн пазар.

Во последните 24 часа, запленети се и наркотици во внатрешноста на земјата. Полицијата од СВР-Тетово синоќа заплени 100 стебла „канабис сатива“. Уапсени се три лица.

„На 16.06.2021 година околу 18:00 часот во регионот помеѓу селото Нераште- Тетово и Радуше -Скопје, од левата страна на реката Вардар, полицијата го лиши од слобода А.Ш. (24 години), Р.К. (30 години) и И.Т. (26 години), тројцата од Скопје, под сомнение дека одгледувале „канабис сатива. На местото беа пронајдени, околу 100 идентични корени, некои засадени во земја, а други во саксии“, информираат од СВР-Тетово.

Пронајдените растенија со други предмети се одземени за понатамошна постапка, а по упатства од Јавен обвинител, лицата биле задржани во Полициска станица во Тетово за целосно документирање на случајот, по што ќе биде покрената соодветна кривична пријава според Кривичниот законик за „неовластено производство и дистрибуција на наркотични растенија, психотропни супстанции и прекурзори.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button