ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Свадби нема, но и да има многу граѓани се резервирани дали би отишле

На почеток на сезоната за свадби сè уште е неизвесно дали и годинава ќе биде дозволено да се организираат секаков вид на семејни прослави. Угостителите и целата индустрија за свадбени прослави и натаму инсистираат да се направат протоколи за организирање на свадби, но властите засега се резервирани по ова прашање. Алсат излезе на терен да ги праша граѓаните, дали доколку бидат поканети на свадба, би отишле?

„Доколку Ве поканат на свадба, дали ќе одите ? Не. Зошто? Се знае зошто поради корона.“

„Не.“

„Богами се двоумам, ама не. Обврска е да не одиме, ситуацијата е таква. Има ли вирус според вас? Па, јас мислам 50-50, можеби има ама јас не верувам до толку да ти кажам право.“

„Не. Зошто? Затоа што такви се протоколите и така. Ако дозволат, да ќе одам. Би оделе, а? Да.“

„Никогаш. Зошто? Во пандемија не се оди на свадба. Ниту за внук, ниту за никој.“

„До кога ќе трае оваа пандемија, треба и свадби да се одржуваат, треба да се оди. Бидејќи те канат, зошто да не се оди. Доста е со пандемијава.“

„Не. Некој близок ако е внук на пример? Не, не… Зошто? Се плашите? Да.“

Неколку пати угостителите во последниот месец излегоа на протест бидејќи се чувствуваат дискриминирано. Нивните објекти се специјализирани за свадби и други големи веселби, но државата не им дозволува да примаат гости, иако рестораните и кафулињата веќе со месеци работат.

„Угостителите коишто имаат локали кои се специјализирани за свадбени и останати семејни прослави велат дека бараат само да работат како сите останати ресторани коишто служат а’ла-карт, не бараат ништо посебно, туку нудат да работат по строги критериуми се со цел да се зачува здравјето на граѓаните.“

Од крајот на јуни лани во земјава се забранети секаков вид на организирани поголеми настани како свадби, крштевки, родендени, во отворен или затворен дел од објектите.

Иле Петревски

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button