МАКЕДОНИЈА
„Сваровски судии“ одговорни за одлуката за укинување на притворот на Мијалков, вели Богданка Кузеска

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, оценува дека ситуацијата со укинувањето на притворот на Сашо Мијалков е последица на, како што рече, 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, која во судскиот систем инсталирала кадри за да судат по нивна нарачка.
„Сашо Мијалков придонесе заедно со поранешните и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, да се воспостави систем на една заробена држава, на режим каде што се поставуваа во судството 11 години судии по нивни терк, коишто ќе судат така како што ќе кажат тие, избрани од тефтерчињата на поранешната министерка за внатрешни работи, судии коишто беа нарекувани ‘сваровски’ и секако судии блиски и до Сашо Мијалков“, рече Кузеска.