ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сведокот на киднапирањето и убиството на 14-годишното дете, е еден од тројцата обвинети за подметнување пожар во продавница во Кисела Вода во ноември

Сведокот на киднапирањето и убиството на 14-годишното дете, е еден од тројцата обвинети за подметнување пожар во продавница во Кисела Вода во ноември

Меѓу тројцата обвинети кои во раните утрински часови во ноември минатата година предизвикаа пожар во кафуле во населбата Кисела Вода во Скопје, како што неофицијално се дознава, е и еден од сведоците на случајот со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Advertisements

Според Основното јавно обвинителство, тројцата обвинети во Фолксваген Голф со скопски регистарски ознаки, три лица пристигнале во раните утрински часови во близина на барот и додека возачот чекал во автомобилот, другите две лица се упатиле кон локалот, при што едниот со секира ја скршил стаклената врата, а другиот предизвикал пожар палејќи бензин. По пожарот, тројцата соучесници го напуштиле местото на настанот со возило.

„Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 13.11.2024 година, предизвикале значителна опасност по животот на луѓето со палење на шанк во станбен објект на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје. Дополнително, на опожарениот објект причинета е и материјална штета во износ од 362.161 денари“, велат од Основно јавно обвинителство Скопје.

За тројцата обвинети, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт за сторени тешки кривични дела против јавната безбедност.

Што се однесува до сведокот на киднапирањето на Вања Ѓорчевска, кој се сомничи дека е еден од тројцата инволвирани во случајот со палењето на барот во населбата Кисела Вода во Скопје на 23 јануари годинава, самиот се предал на полицијата, а потоа сведочела за случајот со киднапирањето и убиството на 14-годишното дете./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button