Сведоци: Не ги знаевме точните намери на таткото на Милошоски

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Молошоски, денеска дел од работното време го помина во скопскиот Кривичен суд. Нему му се суди во случајот „Моќник“ каде е обвинет за измама и злоупотреба на должноста. Според обвинението, Милошоски како исклучително моќен пратеник влијаел багателно да се распродава државен имот во Македонски Брод на неговиот татко, а за ова државната штета е од околу 50.000 евра.
Една година откако во судница се отвори предметот „Моќник“ случајот и натаму е во доказна постапка. Денеска сведочеа двајца поранешни советници во општината Македонски Брод. И двајцата рекоа дека со „амин“ од Советот на Македонски Брод во 2011 години се продал здружениот дом во селото Ижиште.
Канцеларии во тој објект имала општината Пласница, а други простории биле под наем на таткото на пратеникот Молошоски. Неговиот татко побарал од општината Македонски Брод да го откупи имотот, но советници не знаеле дека тој всушност бара да го купи целиот објект, а не само оној кој го користел под наем.
„Јас сметав дека не се продаваат канцелариите од објектот на Општина Пласница, туку дел од објектот кој беше даден на користење. Бев запознаен дека објектот кој се продава е делот кој беше даден на користење, а не цел објект“, рече Златко Марковски, сведок.
Според обвинението, таткото на пратеникот Антонијо Милошоски здружениот дом во селото Ижиште го купил за околу 29.000 евра, за околу 10 евра повеќе од почетната цена. А, со анекс го купил и земјиштето за 100 денари по метар квадратен, иако пазарната цена била по 400 денари.
„За објектот се сеќавам дека цената не требаше да биде пониска од пазарната, а за земјиштето дали беше 100 денари, моментално не се сеќавам“, изјави Виолета Столеска, сведок.
На Милошоски му се суди, зашто според обвинението нарачал лустрација за судијата Билески кој донел пресуда против зделката на татко му. Судењето досега беше неколкупати одложувано од најразлични причини – отсуствуваа дел од обвинетите или адвокатите. Со солсушувањето на двајца сведоци завпти денешента расправ, други двајца ќе бидат сослушани дури за една недела. Судијката Ленка Давиткова која го води процесот има закажано само две рочишта за предметов во цел месец.
Игор Стефановски